Македонија

Државните ревизори со „врзани раце“- не можат да влезат во ниту една државна институција

Државните ревизори веќе не можат да влезат и да направат финансиска контрола во ниту една државна институција. Вработените во Заводот велат дека не можат да си ги вршат редовните задачи, бидејќи парламентот им ги врза рацете. Имено, Заводот за ревизија со месеци нема главен ревизор, а од почетокот на месецот му истече мандатот и на в.д. директорот, објави независен.мк

„Не можеме да вршиме официјална кореспонденција, затоа што немаме кој да ги потпише документите од наша страна. Едноставно кажано, не можеме да влегуваме во институциите, бидејќи прво треба да ги известиме, а тоа не можеме да го направиме без официјален ферман со потпис и печат“, коментираат вработени во Заводот.

Текстот во целост на: независен.мк

На почеток