Македонија

Американскиот сенат го ратификуваше протоколот ЗА НАТО, Пендаровски се заблагодари

Со 84 гласови „за” и 2 „против”, американскиот Сенат изгласа ратификицијата на пристапниот Протокол за членство на Македонија во НАТО да оди по скратена постапка.

Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WeAreNATO, напиша Пендаровски.

Сега остануваат уште четири земји да го ратификуваат Протоколот за Македонија и официјално да стане членка на НАТО.

На почеток