Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија што ја предводеше заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, придружуван од Стојанче Ангелов, национален координатор за прашања поврзани со здружението на бранители, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје, по повод државниот празник „23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба“.
Венци и букети свежо цвеќе на споменикот на идеологот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев положија и делегации на Претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието, на Армијата, на Сојузот на борците, на политичките партии, наповеќе државни институции, и делегации од дипломатскиот кор во земјата.