Македонија

ОМ: Идеалите на ВМРО се водилка кон европска Македонија! Честит празник!

Делегација на Обединети за Македонија по повод 23-ти Октомври, Ден на Македонската револуционерна борба положи цвеќе пред споменикот на Гоце  Делчев.

Со положувањето цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, симболично оддадовме почит кон хероите на Организацијата која се борела за слободата на македонскиот народ.

Обединети за Македонија ќе продолжи да ги негува идеалите на ВМРО, за еднаков просперитет и еднакви можности на сите граѓани на Македонската држава, за која бореле и гинеле нашите предци.

23-ти Октомври, е денот кога во 1893 година, млади интелектуалци во Солун ја создадоа Организацијата, чија цел е борба против секаков вид ропство, која според нејзиниот Устав има за цел да ги обедини сите незадоволни елементи од Македонија и Одринско, без разлика на вера, националност и убедување.

Затоа, Обединети за Македонија, почитувајќи го Уставот на Организацијата, повикува на државен патриотизам, сите граѓани на Македонија да работиме за доброто на нашата држава, бидејќи сите сме чеда на Македонија.

Нека ни е честит и вековит празникот!

На почеток