Свет

(ВИДЕО) Српските гласачките ливчиња во Косово денеска се пребројуваа со заштитни комбинезони, маски и ракавици

Косовската Централна изборна комисија почна со верификација на гласачките листови пристигнати од Србија. Сите вклучени во процесот, имаат на себе бели заштитни комбинезони, но нема пријави за алергија како пред десетина дена.

Инаку на 13 октомври во Косово броењето на гласовите од Србија беше прекинато, откако неколку службеници на ЦИК се жалеа дека имале алергиски реакции откако ги отвориле пликоата пристигнати од Србија.

Хоспитализирани беа најмалку 25 косовски службеници од Централната изборна комисија кои беа  однесени во болница поради здравствени проблеми откако отвориле 5 гласачки кутии од Србија, соопштија косовските власти.Тие соопштија дека процесот на верификација на гласовите кои пристигнале преку пошта од Србија како дел од предвремените парламентарни избори во Косово, е прекинат поради овој настан. Службениците се жалеле на непријатен мирис од ковертите, а по контактот со ковертите се појавила и иритација на кожа.

Полицијата ја блокира зградата и околните улици. Се уште не се познати резултатите од вонредните контроли.

 

На почеток