Македонија

Запалени двете возила на поранешниот претседател на СДСМ во Штип

Целосно изгореа двата автомобила на поранешниот претседател на Општинската организација на СДСМ во Штип, Никола Тушев. Покрај возилата на Тушев, опожарен е уште еден автомобил, што бил паркиран покрај едно од опожарените возила, пренесе ММС.

ушев во телефонскиот разговор потврди дека едно од возилата е негово, а едно на неговиот татко.  Кратко изјави дека нема сомневање дека пожарот е подметнат, што не е тешко да се заклучи.

Од полицијата во Штип потврдуваат дека се изгорени три возила и зафатни уште две други.

-Изутрината во 5:25 часот, во СВР Штип е пријавено дека на улицата „Борис Крајгер“ во населбата Сењак се опожарени три возила. Двете се од марка Пасат, сосптвеност на Н.Т.(32) и на М.Т.(63) и Опел Астра сосптвеност на О.М.(61), а делумно се опожарени уште две други возила. Увидот е во тек, а за настанот е информиран јавен обвинител, изјави Гордана Панајотова, портпаролка на СВР Штип.

 

На почеток