Македонија

Момчиња од Куманово пуштиле во промет фалсификувани банкноти во апоени од 500 и 1.000 денари

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И.(19) и А.О.(16), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Првопријавениот набавил 15 фалсификувани банкноти во апоени од 500 и 1.000 денари, по што, соопшти денеска МВР, на 30.09.2019 во Куманово, по претходен договор со второпријавениот, фалсификувана банкнота од 1000 денари пуштиле во промет, но набргу потоа биле откриени и приведени.

На почеток