Политичката кариера на членовите на независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија е во неизвесност по одлуката за предвремени парламентарни избори. Станува збор за седум пратеници кои во моментов се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ откако гласаа за уставните измени согласно Преспанскиот договор и пратеничката Владанка Авировиќ од коалициониот партнер Социјалистичка партија на Македонија, објави mkdpress.site.
„Со искуството што го имаме и сето тоа што ни се случуваше изминатата година, прашање е дали некој од нас сака да продолжи да се занимава со политика. Разговаравме деновиве, ќе разговараме уште, но не сме одлучиле ништо конкретно. Со раководството во ВМРО-ДПМНЕ сме на различни страни и тоа не може да се смени, бидејќи нема волја ниту кај нас ниту кај нив. Кога е во прашање СДСМ – со него имаме идеолошки разлики, имајќи предвид дека ние долги години или цел живот сме биле во ВМРО. Останува единствено на избори да одиме самостојно, но пак ќе речам, не сме зборувале или не сме договориле ништо конкретно.
