Македонија

Ахмети: „Нема да правиме коалиција со СДСМ пред изборите на 12-ти април“

„Нема да правиме коалиција со СДСМ пред изборите на 12-ти април, вели претседателот на ДУИ“, Али Ахмети. Според  него од ваква предизборна коалиција не би имале користи ниту ДУИ, ниту пак СДСМ. Предизборните коалиции, смета Ахмети, логични се пред локални и претседателски избори, но не и во пресрет на парламентарни избори, рече Ахмети во интервју за МВТ2.

„Мислам дека таква предизборна коалиција нема да му користи ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Не мислам дека ние ќе бидеме спасители и да влеземе во такви предизборни коалиции поради атер. Тоа нема да му помогне ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Се уште постојат разлики во програмите. Ние имаме програмски разлики на национални линии“,вели Ахмети во интервју за МТВ2.

Од друга страна пак Заев  очекува соработката со Ахмети да продолжи понатаму.

 

На почеток