Свет

Во БиХ запленета дрога вредна два милиона евра

Полицијата во Босна и Херцеговина во акција спроведена по налог од Обвинителството на БиХ разби синџир за шверц на дрога од Западен Балкан кон Хрватска и другите земји членки на ЕУ, при што заплени наркотици во вредност од повеќе од два милиони евра, потврдија властите во Сараево.

Според изјавата од Обвинителството на БиХ, полицијата во Херцеговина во средата запленила повеќе од 500 килограми марихуана во акција под кодно име „Тебра“.

– Акцијата „Тебра“ е дел од активностите на Обвинителството на БиХ и партнерските агенции за спроведување на законот за откривање и разбивање на меѓународните шверцерски канали за трговија со дрога од Албанија, преку Црна Гора, до БиХ и понатаму во Хрватска и други земји од ЕУ, се наведува во соопштението.

Вредноста на запленетата дрога на илегалниот нарко пазар во земјите во ЕУ изнесува околу два милиона евра.

На почеток