Македонија

Изгласан ребалансот на буџетот на општина Охрид „ЗА“ гласаше и советникот Нефи Усеини, со што подржа уривање на дивоградби

Изласан ребалансот на буџетот на општина Охрид, со кој се издвојуваат средства за уривање на дивоградби. „ЗА“ гласаше и советникот Нефи Усеини кој во јавноста е познат како советник кој има дивоградба која исто така треба да биде срушена.

Инаку денеска се одржува 34 тата седница на советот на општона Охрид. Покрај ребалансот советниците расправаат и за предлог- програма за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2019 година, предлог – програма за измена  на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2019 година, предлог – програма за измена  на програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, за измена на програмата за спорт и рекреација за 2019 година, на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2019 година, на за детска заштита, ултурни манифестации и творештво за 2019 година.

Денеска треба советниците треба да гласаат и за предлог- одлука  за избор на командир на полициска станица од општа надлежност Охрид.

На почеток