Скопје

24 часа СВР Скопје – како се вози низ Скопје и дали и колку се почитуваат сообраќајните правила

Во текот на 24.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 34 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач – почетник, кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 11 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, три возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и шест возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 70 мандатни платни налози и 64 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

 

 

На почеток