Свет

Шокантно: Мртва девојка пронајдена во багажник од автомобил, претходно телото го чувал со денови во стан

Полицијата поле повеќечасовна потрага во багажникот на еден автомобил, на паркинг во Нов Белград, синоќа, го пронајде телото на 28-годишната Милица С. Каде се наоѓа телото на полицајците им откриле неколку мажи, кои биле приведено претходно.

Неверојатна драма се случувала вчера попладне во Нов Белград, кога полицијата добила дојава дека три мажи изнесуваат тело во вреќа од станбена зграда. Соседите додале и дека од зградата со денови се ширела непријатна смрдеа.

Полицијата упаднала во станот на 30-годишниот Никола К., во кој биле пронајдени траги од крв и мобилен телефон во сопственост на Милица С., во кој биле пронајдени неколку фотографии со искасапено тело, за кои се истражува дали се автентични или се само невкусна шега. Траги од крв биле пронајдени и во лифтот.

По потерата, Никола е пронајден и уапсен, а пред полициските инспектори рекол дека Милица често доаѓала во неговиот стан и дека таму козумирале дрога. Девојката пред неколку дена се предозирала и починала.

Како што дознава „Блиц“, тој раскажал дека не смеел да викне полиција и Брза помош, поради дрогата, па не знаел шт ода направи со неа. Кога од телото почнало да се шири реа, ги повикал пријателите да му помогнат да се ослободи од телото.

На почеток