Магазин

Северина осудена за семејно насилство, треб ада плати 3.000 куни во рок од 30 дена

Судот во Загреб ја осуди Северина за семејно насилство, наведувајќи дека е осудена зашто му испраќала закани и психички го малтретирала српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кого го има синот Александар.

Поповиќ по заканувачките мајлови поднел пријава за семејно насилство, во кое таа го омаловажува, навредува и нарекува со погрдни и навредливи имиња, и наведува на кој начини таа би го повредила, што било доволна основа за судска тужба.

Северина е должна да ги плати трошоците за прекршочната постапка од 3.000 куни, односно 45.000 српски динари, во рок од 30 дена, или во спротивно трошоците ќе бидат присилно наплатени.

Во јуни годинава, Поповиќ ја пријави  Северина Центарот за социјална работа во Загреб, обвинувајќи ја за семејно насилство.

На почеток