Македонија

Владата прави напори да го спречи штрајкот на СОНК, следната недела нови преговори

СОНК и Министерството за образование од понеделник со серија средби ќе се обидат да го избегнат генералниот штрајк. Откако синдикалците ги одбија понудените 10 проценти зголемување на платите за наставниот кадар, тече рокот од 15 дена во кој постои можност да се усогласат двете страни и да се спречи прекин на наставата, објави Сител.

Ресорниот министер не открива како ќе ги разубеди просветарите, верувајќи во конструктивен дијалог кој ќе донесе позитивен резултат.

“Следната недела ќе имаат покана од наша страна да седнеме заедно. Имајќи ги предвид сите параметри и други реформски процеси, верувам дека заедно ќе најдеме начин и решение за следното покачување на платите…”

Текстот во целост на: Сител.мк 

 

На почеток