Македонија

Велешанец тешко повреден во сообраќајна несреќа откако излетал од патот на место викано „Свилара“

На 26.10.2019 околу 15.40 часот на крстосница од регионалниот пат за с.Извор со локалниот пат за с.Горно Оризари, на место викано „Свилара“, велешко, Е.М.(33) од с.Горно Оризари, управувајќи патничко возило „пасат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата Е.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укаќување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Велес.

 

На почеток