Македонија

Стојаноска: Се закануваат со откази на искусни кадри, се вработуваат илјадници роднини и партиски активисти со средства наменети за капитални инвестиции

Власта на Заев е во очај. Катастрофата која ја создадоа се обидуваат да ја покријат со класична предизборна корупција на гласачите. Тие сега на дело спроведуваат партизација на администрација на секое ниво. Како што пренесуваат и медиумите во пресрет на изборите за 60% е зголемен бројот на огласи за работа, истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Од почетокот на месецот објавени се 52 огласи за работа во институциите и на централно и на локално ниво, без прецизирање на бројот на луѓе кои се бараат, а десетици други барања продолжуваат да пристигнуваат во надлежните органи.

Ова ли е  “намалувањето на администрацијата“ кое го ветуваа и на кое работат? Во исто време кога се закануваат со откази на искусни кадри, се вработуваат илјадници роднини и партиски активисти со средства наменети за капитални инвестиции.

Патем на лицата во здравството им нудите договор кој вообичаено се користи за молеро/фарбарски услуги или хортикултурно есенско чистење. Имено, Работодавецот може со определено лице да склучи договор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавецот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на определени предмети, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа. Докторите и медицинските сестри не се надвор од дејноста на болниците и во никој случај не смеат да им се нудат ваков вид на незаконски договори.

Во интерес на евроинтеграциските процеси, запрете со незаконските вработување и не ги залажувајте заборавените партиски активисти со вработување за период од два месеци.

Секоја злоупотреба која сега се прави ќе биде предмет на проверка после изборите и од страна на новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Функционерите кои сега распишуваат огласи спротивно на закон треба да знаат дека прават дела казниви со законот.

Тоа што бесрамно го прават сега нема да ги спаси Заев и СДСМ од пораз. Оваа власт во заминување може да ги залажува своите заборавени активисти, ама нема да ги излаже граѓаните. Огромно мнозинство ја гледаат штетната политика на оваа власт на секое поле и тоа ќе го казнат на претстојните избори,истакна Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток