Магазин

Степскиот орел им направил вртоглава сума за роаминг на руски научници поради ,,GPS “ уред прикачен на него

Руски орел чие движење научниците го следеле преку GPS , одлетал надвор од земјата, во роаминг зона и направил огромна сметка. Степскиот орел по име Мин, кој бил опремен со уред што преку текстуални пораки испраќал координати до истражувачите, одлетал во Казахстан, на 5.600 километри оддалеченост, од каде уредот прикачен на него испратил стотици текстуални пораки, кои подоцна биле наплатени по роаминг тарифа.

Имено GPS системот бил користен да  им испраќа на научниците текстуални пораки . Со оглед на тоа што пораките биле неколку стотици а биле платени по роаминг тарифа, научниците потоа морале да платат вртоглави суми.

Конечната сметка била 250 000 рубљи (5 000 евра) за следење на птицата.

На почеток