Македонија

Албанско обвинителство: Македонски функционери купувале имот во Албанија, но со какви пари?

Судот во Драч денеска ја преиспита одлуката, за определување на притвор за 20 лица вклучени во скандалот за отуѓување на земјиштето во областа на заливот Лалзи во соседна Албанија, при што за дел од приведените ја потврди одлуката донесена пред два дена пренесува „Тетова Сот“. Станува збор за поранешни службеници во Катастарот во Драч и други лица, кои беа вклучени во отуѓување на голема површина на земјиште во заливот Љаљзи.

Меѓу приведените се поранешениот директор на Катастарот и поранешниот градоначалник на општина Ишми.

Нивниот притвор дојде по повеќемесечна истрага за десетици просторни телефонски прислушувања, снимање и следења на лица вклучени во оваа криминална активност.

Извори од Обвинителството известија дека во аферата со отуѓување на имотот вклучени се и функционери од Македонија, кои со финансиките средства кои ги стекнале со корупција купиле недвижен имот на албанскиот брег.

 

На почеток