Македонија

ГДУ: Ниту зимава нема да дишеме, туку ќе се гушиме – 9 луѓе умираат секој ден поради загадениот воздух во земјава

Повторно сме на врвот на светските листи по загадувањето на воздухот. Ниту зимава нема да дишеме, туку ќе се гушиме. 9 луѓе умираат секој ден поради загадениот воздух во земјава. Ситуацијата е аларманта a од владата како и секоја година така и оваа ни велат проблемот не се решава набрзина, истакна Дарко Попоски, Портпарол на ГДУ.

Притоа да потсетиме дека СДСМ пред да дојде на власт во предизборието ветуваше дека ќе го намали аерозагадувањето во Скопје за 50 % и во другите места од 30 до 50 % до 2020 година. Но резултати нема.
Ја прашуваме власта што сменија електричните тротинети и инвертери? Што се случи со одредбата секој инвеститор што ќе сака да гради, да мора барем 20 % од своето земјиште да одвои за зелена површина покрај зградата, ако сака да добие градежна дозвола?

Законот не се почитува, а во исто време се носат други закони во корист на градежните моќници. Нема казни за исчезнатите паркови и зеленила, јавното добро и натаму се узурпира. За зеленилото се грижат само во партиските говори и пред избори.
Поразителен е податокот дека во земјите членки на ЕУ инспекцискиот надзор трае 6 дена, а кај нас на инспекторите им требаат од 30 до 60 минути да утврдат дали еден објект загадува или не.

Ете тоа е реалноста, како и претходната така и оваа власт повеќе троши за свои ќефови, отколку за животната средина и заштитата на здравјето на граѓаните. Ништо не е сменето, ниту имаме почист воздух, ниту приоритетите на сегашните и претходните се различни.Со планот за чист возух останавме рекордери во загадувањето.

Како што ќе заладува времето, така и загадувањето ќе се зголемува.  Апелираме на итна акција, оправдувања не поминуваат. Министерот за животна средина да не се крие, а инспекторите веднаш да излезат на терен, истакна Дарко Попоски, Портпарол на ГДУ.

https://www.facebook.com/GragjanskoDemokratskaUnija/videos/1428119380687767/?v=1428119380687767

На почеток