Свет

Дијалогот меѓу Белград и Приштина заглавен поради данокот на српски стоки

Српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот во Брисел со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, која посредува во дијалогот помеѓу Белград и Приштина и косовскиот претседател Хашим Тачи, изјави дека дијалогот ќе продолжи кога Приштина ќе ги повлече противправните мерки. „Изминатите денови, добивме одлуки од властите во Приштина, во кои тие противправно со ЦЕФТА договорот го зголемуваат за 10 насто данокот на стоки од централна Србија. Никој особено за ова не се возбуди во Европа. Тие зборуваат за формирање на косовска војска што е против бриселскиот договор. Се обидуваат да ја исфрлат Србија од северно Косово и тоа противправно. Не сакаат да ја слушнат нашата одлука“, изјави Вучиќ за РТС. Косовскиот претседател Хашим Тачи пак по разговорите ја обвини Србија дека била „агресивна и арогантна“. Тој додаде дека дијалогот не може да се води со ултиматуми, ниту со агресивен глас.„Останува да се види како работите ќе се движат во иднина“, рече тој, оценувајќи дека е момент за нов замав за да се искористи историската шанса Косово да дојде до признавање.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток