Македонија

И по новата средба СОНК и МОН не постигнаа договор

Власта и просветарите не се договорија за висината на покажување на платите во образованието. Не е постигнат договор преговорите продолжуваат , на оваа средба разгледани се повеќе опции до крајот на неделата пак ќе се сретниме, рече министерто Адеми.

Тој додаде дека педлогот на владата е ист 10 посто зголемување на платите на просветарите од април.

Советот на СОНК го повтори ставот ако не се најде решение 10.11 ќе има генерален штрајк. Спорно е процентот на зголемување на платите од 10 проценти и тоа дека наместо во јанури покачувања ќе има од април, изјави Јаким Неделков по средбата со Адеми.

Од министерството се надеваат дека штрајк нема да има затоа што се нуди опција која очекуваат дека ќе биде прифатена. Минатата недела СОНК го одби предлогот на Владата за раст на платите во образованието од 10 отсто

На почеток