На 31ви Октомври (четврток) со почеток од 19 часот, во Мултимедијалниот центар “Мала станица” ќе биде отворена иложбата “Внатре и надвор од себството”. Изложбата е истражувачки проект на двајца интердисциплинарни уметници, Ана Лазаревска (Македонија) и Џанан Ку (Австрија). Темата околу која авторите ги развиваат своите дела е суштинското прашање за себството и низата размисли кои тоа ги застапува, тема којашто е индивидуално и општествено важна за заедницата. Концептот за себство подразбира поставување на безброј прашања коишто се релевантни за човековото постоење и творење. Преку преиспитување и редефинирање на индивидуалниот концепт за себството се преиспитува колективното „ние“, колективната меморија на една конкретна заедница, како и позицијата на индивидуата во неа. Обајцата уметници заедно го истражуваат поимот „Себство“ и континуирано ги преиспитуваат своите гледишта кон темата, погледнувајќи кон себството како флуиден процес на константна промена или како основата на непроменливото.
Изложбата ќе биде отворена за посетители од 31ви Октомври до 9ти Ноември.