Да се прошири мониторинг мрежата на мерни станици и кон периферијата на градовите и да се унифицираат станиците. На тој начин ќе се добиваат пореални информации од досегашните за загаденоста на воздухот, бараат од граѓанскиот сектор. На тој начин би се откриле и вистинските загадувачи во определен регион, но и на национално ниво, објави Алсат. мк
„Претпоставки се дека домаќинствата, односно загревањето на индивидуалните станбени објекти се клучни загадувачи, но тоа се само претпоставки. Нас ни треба опиплив доказ дека тоа е така, па врз основа на тоа да се градат соодветни решенија“, рече Кирил Ристоски- директор на центар за еколошка демократија.
Поголемиот дел од мерните станици не се ни унифицирани, дел даваат комплетни податоци, дел некомплетни, раштркани се на повеќе локации и не може да се создаде една генерална слика за изворите на загадување, додаваат екологистите.