Македонија

Продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, сведок вели дека возачот неколку пати го користел мобилниот телефон

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која на 13 февруари годинава загинаа 16 патници. Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Сведокот Лулзим Далипи, кој седел во првиот ред, рече дека возачот, Маноли Трифуновски, шестообвинет во случајот, на денот на трагедијата во неколку наврати го користел мобилниот телефон.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Во несреќата кај Ласкарци  загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

фото: Архива

На почеток