Македонија

Сведок од несреќа кај Ласкарци: Автобусите на „Дурмо турс“често се расипуваа, вратите не се затвораа, немаше клима

Повеќе од година и половина се возам со Дурмо турс и често автобусите се расипуваа, вратите не се затвораа, немаше клима и слично, изјави вториот од повредените патници, сослушан како сведок на денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, објави Фокус.мк.

Сведокот Бетим Амети, рече дека на критичниот ден седел на четвртиот или петтиот ред позади возачот.

– Година и пол се возам со Дурмо турс и до патарината не приметив ништо чудно во возењето. Бев буден, и зошто бев до прозорецот станав да видам што се случува, но веќе автобусот ги проби заштитните огради и излета од патот. Ми изгледаше како да сака да претекне, но нагло свртевме во лево. Често се возев со Дурмо турс и брзината вообичаено ми изгледаше дека е над дозволената, зошто често претекнувавме, но не знам точно на критичниот ден, рече сведокот.

Рече дека не приметил никакво кочење на автобусот или нешто да прави возачот за да го врати автобусот на патот.

Текстот во целост на: Фокус.мк.

На почеток