Министерството за економија го објави јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата. Како што веќе појасни министерот за економија Крешник Бектеши со јавниот повик ќе се надоместат до 50% од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари по возило. Согласно Програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата се предвидени средства во вкупен износ од 15.000.000 денари.
Како што стои во јавниот повик предвидено е да бидат надоместувани само трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, настанати по денот на објавување на овој јавен повик.
Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство.
Повикот, односно рокот за поднесување на документите, е во 30 дена и ќе се одвива по принципот „Прв дојден, прв услужен“. При тоа документацијата, односно платената фактура од регистрираниот сервис терба да биде во рамките на овој период.
Право на учество на јавниот повик имаат физички лица, сопственици на возила произведени од 2005 година наваму, кои ќе извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.
Во министерството треба да се достави и фискална сметка (во оригинал) со сметкопотврда, или фактура (во оригинал) со извод од деловна банка за извршено плаќање за купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, издадени по денот на објавување на јавниот повик.Неопходна е и копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената (вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото), или потврда за вграден уред за погон на течен нафтен гас или компримиран земјен гас во возилото, издадена од правно лице овластено (од Министерството за економија) копија од сообраќајната дозвола за возилото, заверена на нотар, во која е евидентирана промената (вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото), или потврда за вграден уред за погон на течен нафтен гас или компримиран земјен гас во возилото, издадена од правно лице овластено за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и/или компримиран земјен гас во возилото.за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и/или компримиран земјен гас во возилото. Во приложените документи неопходна е и фотокопија од лична карта и број на трансакциска сметка, како и уплатниците кои што се заедно се доставуваат во затворен плик до Архивата на Министерството за економија.