Полициски службеници вчера во 10:00 часот над село Драгош, битолско, кај манастирот „Свети Илија“, го спречиле кубанскиот државјанин Х.С.А.(32) во обид илегално да ја премине државната граница од Р.С.Македонија во Р.Грција.
Тој бил приведен во полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Меџитлија“, по што е предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.