Магазин

Закажано „оставање на третите деца пред Влада“, откако е укинат додатокот

Неформална ФБ група започна кампања за ,,масовно оставање на трето дете пред Влада“.

,,Оставањето“ е закажано за 11 ноември од 11 часот до 16 попладне.

,,Поради укинување на мерката додаток за трето дете, настанот е организиран со цел да им се помогне на оние кои не можат да се снајдат со проблемот ,,каде да го остават своето трето дете“-стои во ироничната покана на овој настан закажан на ФБ.

Во ироничен продолжуваат:

*НАПОМЕНА*
-Без лажење, знаеме кое ви е второ дете и прво
-Без манипулации, да го донесете на комшијата иако личи на вас
-Без лажни вести околу овој настан

Оваа иронична реакција на социјалните мрежи осамна по најавата на владата дека ќе се укине додатокот за трето дете.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, објасни дека по направените анализи, утврдено е дека мерката не ја остварила својата цел, а додатокот во принцип го добиваат и семејствата кои немаат финансиски проблеми, па поради тоа средствата не се распределни праведно на социјално загрозените кои имаат потреба од ваква помош.

Висината на правото на родителски додаток за дете (за трето дете) за 2018 година е во износ од 8.362,00 денари.

На овој линк може да ги прочитате условите за стекнување на право за оваа помош.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток