Македонија

(ФОТО) Куќа во Стариот дел на Охрид, опасност за минувачите

Камења и малтер паѓаат од стара распадната куќа во Стариот дел на Охрид. Објектот кој е од едната страна комплетно срушен, а од другата има напукнати ѕидови е на ул Климентов Универзитет во Охрид. Граѓаните кои живеат тука велат дека објектот навистина е опасен, затоа што постојано од распаднатите ѕидови паѓаат цигли и малтер.

Станува збор за приватен објект, но со оглед на опасноста истиот треба соодветно да се обележи и загради.

Еве како изгледаше улицата доцна вечерва.

На почеток