Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино и Синхро кое се одржа во Сараево, БиХ. Зад нашите танчери останаа претставниците на Италија и Србија.
По пауза од една година, тие повторно ја освоија титулата Светски Шампион во детска категорија. Покрај титулата светски шампион во Латино Шоу категорија деца, тие освоија уште две значителни награди:
3то место, бронзен медал во Синхро Денс, детска категорија и 4то место, во Латино Шоy, возрасна категорија – најмасовната и најсилна конкуренција во оваа танц дисциплина. Тие се членови на Македонската Асоцијација за Модерни Танци која константно постигнува успеси на светските првенства.
Покрај Eat the Beat, Македонија ја претставуваа и танчерите на Expose од Битола.
Двата клуба имаат 5 пласмани на пиедесталот, но во детска категорија повеќе од заслужено ја понесоа титулата светски шампион, оставајќи ги Италија и Србија на второто, односно третото место.
https://www.facebook.com/mamd.macedonia/videos/2579807585459411/