Македонија

Груевски 16 часа е недостапен на телефон

Експремиерот Никола Груевски, кого новинарите го чекаат да се појави во затворот Шутка за издржување на затворската казна од 2 години за случајот “Тенк” веќе 16 часа не е достапен на својот мобилен телефон, велат негови пријатели за “Скопје 1”. Тие додаваат дека неколку пати се обиделе да го контактираат преку пораки, но залудно, бидејќи Груевски не ги добивал пораките, а последната активност му е вчеравечер.

Судот денес ги одби сите жалби поднесени од адвокатите на Груевски, за одложување на казната. Експремиерот треба да го добие упатниот акт за одлежување на затворската казна, по што треба да се јави во затворот. Но, сеуште не се знае дали Груевски го добил решението. Доколку тој сам не се јави во затворот, ќе биде приведен. Ако во случај, Груевски не биде достапен за органите на прогонот, во краен случај, за него ќе биде распишана потерница.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток