Свет

Моралес се збогува од граѓаните – после години на власт под притисок се повлече од претседателската функција

Претседателот на Боливија Ево Моралес под притисок на војската и повеќенеделните протести поднесе оставка, после скоро години поминати на власт. Антивладините демонстранти што протестираат против резултатите од контроверзните претседателски избори, на кои победи актуелниот шеф на државата Ево Моралес, зазеле неколку државни телевизии и радиостаници во Боливија. Покрај тоа, боливиската полиција во неколку града застанала на страната на демонстрантите.

Истовремено биле запалени и домовите на повеќе високи функционери од партијата на Моралес, вклучувајќи ја и куќата на сестрата на боливискиот претседател.

„Поднесуваме оставка, за нашите браќа и сестри, државни службеници не бидат објект на напади и закани. Тие велат дека ја бранат демократијата, но се однесуваат како диктатори “, истакна  Моралес во обраќањето на социјалните мрежи.

Моралес е на власт од 2006 година и оваа година третпат беше избран за претседател на државата.

фото: RFI.FR

На почеток