Македонија

АA: Го потсетуваме Ирфан Бучи за Кодексот на Однесување на Царинските Службеници, и Артан Груби за препораките на Прибе

Го потсетуваме заменик директорот на Царинската Управа на Северна Македонија г. Ирфан Бучи, кој ги покани албанските цариници на состанок во седиштето на ДУИ во Мала Речица, дека тој и неговите колеги го прекршиле Кодексот на Однесување на Царинските Службеници,  кој е во сила од април 2016 година,  се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците.

Овој кодекс, во одредбата „Политички активности“  член 16 став 1 стои:
Царинските службеници ги извршуваат своите работни задачи, обврски и овластувања на политички неутрален начин, без да навлегуваат во вредносно преиспитување на зацртаната економска и царинска политика.
Такво нешто се забранува во продолжение и со став 2 од член 16, во кој се вели: Царинските службеници нема јавно да го застапуваат или изразуваат своето политичко убедување во вршењето на работните задачи и овластувања.

Исто така член 17 став 2 спречува такво нешто: Во односите со јавноста, како и во односите со своите колеги, царинските службеници нема да ја споменуваат, истакнуваат или посредно ја ставаат до знаење својата припадност кон одредена политичка партија Членовите 16, 17 и 18 од Кодексот на Однесување на Царинските Службеници спречуваат  царинските службеници да бидат вклучени во политички активности и отворено да го искажат тоа. Ирфан Бучи, треба да  преземе морална, политичка одговорност но исто така и легална одговорност и јавно да им се извини на цариниците што ги покани на состанок во седиштето на ДУИ во Тетово.

Го потсетуваме пратеникот Артан Груби, кој истовремено е и претседател на Парламентарната Комисија за Европски Интеграции, кој ги примил на состанокот царинските службеници во седиштето на неговата партија, дека таквата акција е во спротивност со приоритетите за итни реформи одобрени од Европската Комисија за Северна Македонија со стручните препораки на Прибе, кои се основен елемент на владеењето на правото и како што стои: ЗА ОДДЕЛУВАЊЕ НА  ПАРТИСКИТЕ АКТИВНОСТИ ОД ДРЖАВНИТЕ.

Ова се само неколку аргументи за тоа како ДУИ ја заробува државата, злоупотребувајќи ја власта. Овие политички функционери на ДУИ и нивниот политички субјект, со ваквото однесување и прекршување на законот стануваат главна пречка на земјата за недобивање датум за преговори со ЕУ. Бараме политичка одговорност од релевантните
институции, Антикорупциската комисија и премиерот Заев јавно да се искажат за овој случај, се вели во реакцијата од Алијанса за Албанците.

На почеток