Политиките на СДСМ за поттикнување на земјоделството и руралниот развој даваат резултати. СДСМ го остварува најавеното во својата програма и за прв пат се исплатени субвенции повисоки за 30 насто на секој фармер што во споредба со претходната година го зголемил основното стадо, се вели во соопштението од СДСМ.
Со оваа мерка на сметките на 7.101 субјекти, кои го зголемиле основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства, се исплатени над 27 милиони денари.
Сите фармери, кои земале субвенција за директни плаќања за грла говеда, за обележани грла на овци, за грла кози, женски приплодни грла на маторици и презимени пчелини семејства, а го зголемиле бројот на основното стадо, добиваат дополнителна субвенција од 30% за секое грло, за кое е зголемено стадото во однос на претходната година.
Оваа мерка има за цел да го поттикне развојот на домашното сточарство, преку зголемување на основните стада.
Со тоа во државата се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед и се обезбедува поевтина суровина која е важен инпут во месната и млечната индустрија.
Мерките на СДСМ се насочени кон унапредување на условите за развој на сите земјоделски гранки, во сите региони, со навремени и неселективни субвенции, зелена нафта, програмите за млади земјоделци, за жени земјоделки, програмите од ИПАРД фондовите, со што се овозможува раст на домашната економија, се вели во соопштението од СДСМ.
фото: Архива