Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната 11 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени.
До крајот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време. Нови врнежи од дожд се очекуваат во недела.
