Почитувани сограѓани,
Во Охрид и Македонија владее очај, апатија без никаква иднина.
Веќе три години владеење на СДСМ наместо владеење на правото видовме корупција и криминал, наместо решавање на проблемите на граѓаните и капитални инвестиции видовме продавање на државните интереси.
Неправдата мора да престане, неработењето и неспособноста на власта предводена од СДСМ мора да се промени.
Владеење на правото и економски просперитет се невозможни со Зоран Заев и СДСМ на власт.
Нашите деца заслужуваат подобра иднина.
Токму поради тоа Ве повикувам утре, 16 ноември сабота, во 12 часот на градскиот плоштад, на разговори со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за обнова на Македонија со вашите идеи, сугестии и предлози, ќе креираме решенија и програми.
Заедно да го поразиме заевизмот, неправдата, сиромаштијата и ќе ја обновиме Македониија.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со вас ќе го трасира патот за поубав Охрид и обновата на Република Македонија.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид