Околу 2.30 часот утринава, дел од осомничените беа спроведени во Истражниот затвор во Шутка.
Во новата истрага на СЈО кривично се гонат вкупно 13 лица. Сите се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело направени преку фирмите кои ги поседуваат.