Македонија

Заев: Меѓународната експертска комисија ќе го решава брендирањето на производите од регионот Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Меѓународната експертска комисија што треба да се дооформи согласно со Договорот од Преспа ќе го реши трајно брендирањето на производите по потекло од регионот Македонија.

„И договорот од Преспа и меѓународните стандарди јасно укажуваат како се решаваат ваквите прашања. Ние тоа прашање го имаме решено во договорот од Преспа, каде што ќе се создаде, односно треба да се дооформи меѓународната експертска комисија од двете страни каде што заедно ќе го реши трајно брендирањето на производите по потекло од регионот Македонија кој не спојува“, рече Заев.

Премиерот верува дека изнаоѓањето на трајно решение на ова прашање ќе биде уште еден мост на спојување на Република Северна Македонија и Република Грција во делот на градење на пријателството и стратешкото партнерство.

фото: Архива

На почеток