Свет

Здравствената состојба Вучиќ е добра – претседателот пуштен од болница

Здравствената состојба на српскиот претседател Александар Вучиќ е стабилна и тој беше пуштен по лекување во Воената медицинска академија, објави денеска српската радио телевизија. Вучиќ претходно објави дека  штом биде пуштен од болница дека веднаш ќе се врати на работните обврски.

Вучиќ два дена поминал на апарати на ВМА,  изјави вчеа советничката за медиуми на Вучиќ, Сузана Васиљевиќ.

Според нејзината изјава Вучиќ сам побарал лекарска помош.

-На претседателот му беше толку лошо што сам бараше да го однесат, а тој е човек кој не признава никакви симптоми на болест. Самиот сфати дека нешто не е во ред, изјавила Васиљевиќ додавајќи дека пристигнале првите резултати.

Таа изразила уверување дека по оваа ситуација, Вучиќ ќе почне да ги слуша луѓето кои се грижат за неговото здравје.

На почеток