Масивни пожари беснееја во кампусот на Политехничкиот универзитет во Хонг Конг, каде антивладините демонстранти беа повлечени додека ја напаѓаа полицијата со бензински бомби и го повикуваа „демократскиот свет” да ги спаси.
Полицијата со употреба на солзавец и водени топови почнала да влегува во универитетот во Хонг Конг кој во изминативе денови беше запоседнат од антивладини демонстранти и каде што дојде до крвопролевања. Демонстрантите возвратиле со молотови коктели и стрели, при што еден полицаец бил погоден во ногата. Полицијата се закани дека ќе употреби боева муниција. Неколку денови демонстрантите го блокираат и главниот автопат во Хонг Конг. Тие бараат оставка на властите.
Полицијата го прогласи кампусот за „место на нереди“, што значи дека на насилниците им се заканува казна затвор до 10 години.