Свет

Турција ќе почне масовно производство на сопствен тенк

Турција денеска потпиша договор за масовно производство на сопствен тенк „Алтај“ со турскиот производител на воена техника Би Ем Си (БМЦ).

Договорот е дел од напорите на земјата за проширување на одбранбената индустрија. Турција се стреми кон производство на сопствени тенкови, воени хеликоптери и друга воена опрема.

Според договорот, компанијата првично ќе произведе 40 тенкови „Алтај“, а првиот ќе и биде доставен на армијата за 18 месеци. Веднаш потоа е предвидено да бидат изработени уште 210 тенокови.

Во проектот се вклучени и други турски фирми – Рокетсан, Аселсан, МКЕ и Хавелсан.

На почеток