Македонија

Дескоска и еврокомесарката за правда Вера Јурова, разговарале за старт на идејата за ветинг на судиите

Спроведување и продолжување со реформите за да се врати довербата во судството, но и старт на идејата за ветинг на судиите, тоа било разговарано на средбата меѓу министерката Рената Дескоска и еврокомесарката за правда Вера Јурова во очи на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан кој денеска започна во Скопје. За ветингот нема да има одлука на овој форум, но идејата е квалитетот на судството да се подобри со тоа што ќе се испита минатото на оние што ја делат правдата, објави Телма.мк

Имено, на македонското правосудство му требаат реални реформи, ова е една од препораките во Извештајот на Прибе, но и констатација на повеќе домашни експерти. Тие се категорични  дека во правосудството потребни се длабоки, брзи и практични реформи.

Дека е тоа така, говорат и објавените телефонски разговори  таканаречените „бомби на опозицијата”, каде е видливо влијанието на политиката врз правосудниот систем, а доказ за тоа е и самото формирање на Специјалното јавно обвинителство.

Прашање кое се наметнува дали во примерот на МВР каде веќе почна постапката за Ветинг кој ќе се врши по три основи – персонално досие, имотна состојба и критеруми и во кој како што е најавено ќе се чешлаат сите од од чистачка до министер, треба истата постапка да се спроведе и во правосудниот систем, со оглед на тоа дека одредени судии  до државната комисија за спречување корупција според податоците од анкетните листови за имотната состојба имаат прикажано многу голем имот.

фото: Архива

На почеток