Македонија

Нов заем од Светска банка за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта

Владата го утврди Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта.

Со средствата во висина од 70 милиони евра ќе се активира проектот за поврзување на локални патишта во 80 општини во Република Северна Македонија со реализација на  градежни активности за рехабилитација, реконструкција и надградба на локални патишта и улици со вкупна должина до 450 километри за подобра безбедност и за социјална вклученост со поврзување на оддалечените и загрозените заедници и со зголемување на достапноста на транспортната мрежа на локално ниво.

На почеток