Македонија

ФОКУС: Самохрана мајка на девојче со церебрална парализа на удар на извршителите!

Извршители затропаа на вратата на петнаесет – годишната Мартина, девојче со церебрална парализа која живее со својата мајка Маргарита Маги Миолошевска, која е самохран родител, во социјален стан во Гостивар, објави Фокус.мк.Вознемирената мајка во телефонски разговор за ,,Фокус,, појаснува дека нивната агонија нема крај. Околу тоа како се довела во состојба да влезе во извршителските лавиринти, вели дека приказната е долга, но сепак, доколку државата имала слух за неа, решението ќе било пронајдено многу одамна.

-Социјалните станови беа изградени во 2002 година и во времето кога се вселивме, немаше ниту струја, ниту вода. Се изнамачив како самохрана мајка на дете со посебни потреби, сопругот ми почина на 40 години, по раѓањето на Мартина, беше тоа тежок период. Невработена, живеев на товар на мајка ми и од милоста на роднините.
Плаќав кирија на ЈП за стопанисување со станови и деловен простор, сума од околу 1.500 денари месечно. Потоа, не стопираа, не известија дека не треба да се плаќа кирија, бидејќи се водел спор со инвеститорот, односно компанијата Пелагонија од Гостивар која ги изгради зградите.Помина и тоа, јавното претпријатие повторно ги превзеде становите, значи киријата требаше пак да се плаќа таму.

Во меѓувреме, додека не плаќавме, во рок од неколку години, односно откако го добивме дописот дека не треба да се плаќа на ЈП, се натрупаа сумите, не по наша вина, објави Фокус.мк.

Пред пет години се вработила на приемно одделение во Центар за јавно здравје Тетово и вели дека работи со скратено работно време. Завчера останала во шок откако и се јавила сметководителката од работа, која ја известила дека и стигнало решение од извршител, да и се стопира од платата поради стариот долг кој го имала кон ЈП за стопанисување со станови и деловен простор, објави Фокус.

 

Текстот во целост на: Фокус.мк

 

На почеток