Македонија

Георгиевски се консулирал со Рама за уривање на дивоградбите -добил совет, за успешна акција треба зад неа да стои државата

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски побарал совет од премиерот на Албанија Еди Рама, како да се справи со дивоградбите во заштитениот појас на Охридското Езерото. На регионалниот состанокот Западен Балкан што на 9 ноември се одржа во Охрид, Георгиевски имал средба со Рама на која го прашал како Албанија се справила со дивоградбите во Поградец од другата страна на Езерото, објави СДК.МК

„Го прашав како срушивте сè, на што Рама ми одговори дека ако сакаме акцијата да ни биде успешна треба зад неа да стои полицијата и државата. Ми рече, ти сам не можеш да се избориш со проблемот кој со години се таложел“, вели Георгиевски.

Текстот во целост на: СДСК.МК

На почеток