Македонија

Франција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

Македонија на чекор до полноправно членство во НАТО. Нешто повеќе од еден час им требаше на француските пратеници да го ратификуваат пристапниот протокол за членство на Македонија во Алијансата, по што останува уште Шпанија, за да се заокружи целокупниот процес.

„Очекуваме истата порака да се испрати и на Самитот во Лондон и очекуваме и третманот на нашата држава на Самитот да биде, како де факто – членка на Алијансата. Убавите вести од Париз покажаа дека навистина како држава си ги реализираме своите стратешки цели и убедена сум дека овој стратешки успех ќе ни даде сила да ги завршиме и другите работи. Кога имате ситуација од 29 земји членки – 28 да ратификуваат практично за 9 месеци, тоа ви е силна политичка порака. И таа политичка порака ќе продолжиме да ја испраќаме и во Мадрид.“ – изјави министерка за одбрана Радмила Шеќеринска .

Честитки по повод последната ратификација упати и францускиот амбасадор Тимоние, кој очекува Македонија многу бргу да почне да придонесува за светската безбедност.

Француската ратификација ја поздрави и американската амбасадорка во земјава, потсетувајќи дека со членството доаѓаат и серизони обврски.

На почеток