Македонија

Донесена декларација со која се бара да се унапреди стандардот на пензионерите

Пензионерските синдикати во рамките на ФЕРПА се заложија дека заеднички ќе бараат решенија што ќе овозможат да се воведат соодветни минимални пензии со што ќе се подобри социо-економскиот статус на лицата од третата доба.
Одржана е 9–тата регионална конференција на пензионерски синдикати од регионот на која присуствуваа претставници од синдикатите од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Италија, Косово*, Македонија, Словенија и Србија.
На конференцијата на која учествуваше и Пензионерскиот синдикат на Македонија при КСС се донесе декларација со која се бара да се унапреди стандардот на пензионерите и возрасните лица, се вели во соопштението од Пензионерски синдикат на Македонија.

фото: Архива

На почеток