Свет

Пукање во средно училиште во Србија – влегол во училница со автоматска пушка

Горан Т. (46) од селото Доња Ливадица кај Велика Плана влегол во Средното економско-угостителско училиште „Вук Караџиќ“ и отворил оган од автоматска пушка, но бил запрен од професор Славољуб Стојадиновиќ, дознава „Блиц“. Неофицијално, како што пренесуваат медиумите, мажот на два пати пукал од оружјето, а се наведува дека нема повредени лица.

Првите информации укажуваат дека станува збор за психички заболен маж кој сакал да направи заложничка ситуација во училиштето, но за среќа нема оштетени во намерата.

На почеток