Македонија

Уапсени две лица поради кражба, едното е малолетно

Вчера лишени се од слобода Е.М. (22) и 16-годишно лице затоа што истиот ден околу 07.30 часот влегле во куќа на улицата „Вера Циривири“ во Велес и од сопственичката Б.М.(68) со закана одзеле кесе во кое имало над 70.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

По преземени мерки од страна на полициски службеници лишени од слобода се двајцата сторители Е.М.(22) и 16 годишно лице, при што кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената.

По целосно документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток